ЕКСПЕРТИ: РЕФОРМИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА И ПРАВОСУДСТВОТО СЕ „КОЗМЕТИЧКИ“ – НЕМА НИТУ ВОЛЈА НИТУ КАПАЦИТЕТ ЗА ПРОМЕНИ
Foto

ЕКСПЕРТИ: РЕФОРМИТЕ ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА И ПРАВОСУДСТВОТО СЕ „КОЗМЕТИЧКИ“ – НЕМА НИТУ ВОЛЈА НИТУ КАПАЦИТЕТ ЗА ПРОМЕНИ

Не може да има ефикасни реформи, кога власта и опозицијата не сакаат да се договорат кои се основните државни интереси, наспроти партиските. Кој како доаѓа на власт, така ги менува и стратегиите и политиките и затоа не можеме да функционираме, ова се дел од критиките на експертската јавност на дебата „Дали имаме реформи и зошто не“?

- „Мора сериозно да се настапи ако се сака сериозна реформа. Англија правеше реформи на почетокот на 20тиот век, 15 години, но тие реформи траеја се до владата на Тачер, осумдесеттите години од минатитот век. Англиската администрација така се развиваше одприлика 80 години со едни реформски зафати. Кај нас кој како дојде влада..едноставно премногу стратегии имаме.“ - изјави Борче Давидковски – универзитетски професор.

Според Давидковски поразително се состојбите и со непотизмот и тоа што санкции има само за дел од вработените, а не и за функциоенрите и оние кои дозволиле такви вработување. Освен партиските кадри, проблем се и административците кои не одат на работа. За нив министерот Манчевски пак, вели решенијата речиси се готови.

- „Вчера веќе и добивте одговор токму на презентацијата на Извештајот, ви кажа заменик министертот, дека за стотици, тој ја кажа и точната бројка, веќе е завршена постапката и процедурата, сега откако завршија претседателските избори и немаме никакви ограничувања, во најскоро време како што најавивме ќе бидат завршени, така што проблемот после 10 години во голем дел е решен и конечно ќе биде решен.“ - изјави Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество.

Според дел од експертите пак, реформите за кои ќе не оценува Европската Унија, засега се само „козметички и површни“.

- „Сите се истрошуваат со правење на некои грандиозни стратегии грандиозни акциски планови и зе завршува таму, ние не сме слушнале што се случило потоа со тие стратегии, како ги мериме промените врз основа на акционите планови и слично.“ - изјави Мирјана Најчевска – универзитетска професорка.

- „Треба да им се и даде поттик и поддршка што поскоро да расчистат со опдредени структури кои се болна точка во безбедносниот систем и се прилично силни и се чувствуваат силни во Министерството.“ - изјави Никола Дујовски – универзитетски професор по безбедност.

Познавачите потенцираат дека заврши времето за правење анализи и планови, време е истите сe преточат во пракса кои ќе им служат на интересите на граѓаните, а не на политичарите.

0 Коментари

Остави коментари