Експерти: Да се воведат мерки да се спречи корупцијата
Foto

Експерти: Да се воведат мерки да се спречи корупцијата

Корупција и непотизам во владините и јавни тендери-проблем за инвеститорите во земјава. Иако во Македонија е лесно да се води бизнис, корупцијата е постојан проблем, оцени Стејт департментот во извештајот неделава.

Експертите согласни- јавните набавки кријат корупција и сметаат дека е време да се воведат мерки за да се спречи истата.

Во извештајот на Стејт департментот се наведува дека пандемијата со ковид-19 длабоко ја погодила економијата на државава и способноста да ги апсорбира странските инвестиции, но од Агенцијата за странски инвестиции уверуваат дека економијата полека се враќа во нормален тек и најавија нови милионски суми кои ќе бидат инвестирани во земјава.

Според директорот на Агенцијата, Дејан Павлески, иако имаше црни сценарија, минатата година заврши со 206 милиони евра странски инвестиции. Тоа е за околу 15 проценти повеќе во споредба со 2017 година.

Но, ако се споредат податоците пак за вкупните директни инвестиции во земјава во претходните три години може да се забележи дека во 2019 година вкупните директни инвестиции изнесувале околу 326 милиони евра, во 2018 година дури 624 милиони евра, а во 2017 се забележани само околу 181 милиони евра странски инвестиции.

0 Коментари

Остави коментари