Екс-фудбалскиот репрезентативец Агим Ибраими се врати во Шкендија
Foto

Екс-фудбалскиот репрезентативец Агим Ибраими се врати во Шкендија

Поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими се врати во Шкендија по повеќе од 12 години. Тој се обврза на двегодишна соработка со македонскиот шампион, со можност за продолжување на договорот.

Ибраими во тетовските „црвнео-црни“ доаѓа како слободен играч, откако одби да го продолжи договорот со словенечки Домжале.

Во Словенија настапуваше и за Марибор, тим со кој освои шест трофеи, четири шампионски во лигата и два во купот.

Има играно и за Каљари, Ред Бул Салцбург, Астана, Нафта Лендава, Олимипја Љубљана, Ескишехирспор.

За Македонија Ибраими одигра 39 натпревари, последниот во 2016 година и постигна 7 голови.

0 Коментари

Остави коментари