Екс директорот на Мепсо, Василевски купил стан што требало да биде „замрзнат“ во истрагата на СЈО за Поштенска банка
Foto

Екс директорот на Мепсо, Василевски купил стан што требало да биде „замрзнат“ во истрагата на СЈО за Поштенска банка

Сашо Василевски, разрешениот генерален директор на МЕПСО и во јавноста познат како близок човек на Катица Јанева купил стан од фирма која е под истрага на СЈО, само три дена пред Јанева да го замрзне имотот на осомничените. Истрагата „Поштенска банка“ веќе била отворена на 13 октомври минатата година, а Василевски се подновил со стан на 30 октомври и тоа токму од осомничениот сопственик на фирмата „Бент тон“ ДООЕЛ експорт-импорт од Гевгелија, Томе Главчев. Зделката е склучена три дена пред Катица Јанева да даде налог за замрзнување на имот, меѓу кој е и тој на Главчев.

„А1 он“ извести дека станот од 109 метри квадрати и пет квадрати гаража, Василевски го купил по цена од 80 илјади евра што е под продажната. Извори од СЈО за порталот кажале дека наводно Катица Јанева инистирала тој стан да не биде замрзнат зашто бил проблематичен.

Телевизија 24 побара изјава од Сашо Василевски, но тој не одговори на нашите повици и телефонски пораки.

Тој веќе изјавил дека нема ништо спорно и дека станот во скопската населба Карпош го купил на оглас, а бил евтин зашто е стара градба.

Освен купувањето на проблематичниот стан и пријателството со Јанева, Василевски со СЈО е поврзан и преку неговата ќерка. Таа е таму вработена од декември 2017 година во стручната служба на обвинителството, а дел од медиумите известија дека тој таму го вработил и својот внук.

Василевски беше сменет од директорската позиција во МЕПСО минатата недела без образложение од Заев. Тој стана познат и по купувањето на скапите фотељи од телешка кожа за компанијата.

Во последните 5 години од Владата на Никола Груевски, Сашо Василевски бил член на Советот на јавни обвинители, а претходно бил заменик министер за правда, по предлог на коалициониот партнер НСДП.

0 Коментари

Остави коментари