Економското заздравување и растот по ковид кризата
Foto

Економското заздравување и растот по ковид кризата

2020 година била тешка за економиите ширум светот, кои мораа да се адаптираат на несигурните околности, вели потпретседателката на Светската банка, Ана Бјерде, Светот се соочува со 4,3% рецесија, која е најдлабока досега.

Светската банка од почетокот на пандемијата работи со владите ширум светот за да им помогне, со главна цел стабилизација на економската состојба. Според нивниот последен извештај се очекува раст од 5,6 отсто на глобалната економија.

Американската амбасадорка Кејт Брнз изјави дека и во услови на пандемија македонската економија покажала дека може да се адапртира и да успее. Според неа, треба  да се обезбедат чесни правила за набавки, да се воспостави едноставна административна процедура и да се подобри деловната клима за да се привлечат нови директни инвестиции. 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска изјави дека е потребно да се креира економија која ќе помалку зависна од јаглен, да се изгради модерна инфраструктура, универзална здравствена заштита, да се создаде координирани правила на дигиталната ера. Додаде дека пандемијата со ковид покажала дека светот може да биде многу креативер и брзо да се приспособува и соработува, со што треба да се продолжи и во пост ковид периодот. 

Министерството за финансии првпат ја организира конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид“ во рамки на Економскиот и финансиски форум.

0 Коментари

Остави коментари