Економски пораки: Приоритет за регионот е економската соработка

Економски раст, стратешко инвестирање, зачувување на животниот стандард на граѓаните, инвестирање во образованието, ова се приоритетите на македонската и српската Влада во време на најголемата економска и енергетска криза. 

Регионалната соработка клучна основа за забрзан економски развој на двете земји, порачаа и македонскиот премиер Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ, во рамки на Самитот Македонија 2025. Фокусот на годинашниот самит покрај предизвиците во време на криза, е и подобрување на животниот стандард на граѓаните и деловното опкружување за бизнисите. 

„Во кризен период успеавме да го одржиме, односно да го управуваме на многу одговорен начин јавниот долг на државата којшто пред крајот на минатата година и на почетокот на оваа го намаливме, но сега се подготвуваме за негово зголемување со цел да можеме да ја финансираме експанзивната политика и зголемениот буџетски дефицит.“ - изјави Димитар Ковачевски претседател на Влада на РСМ.

„Ние проектиравме раст од 3,9% во првиот квартал, остваривме 4,3 % раст, градежништвото малку потфрли поради кризата, индустријата растеше со само 1,9 %, но затоа услугите растеа со 5% и тоа е клучот на една современа економија и ќе продолжиме да инвестираме во тоа.“ - изјави - изјава Ана Брнабиќ претседателка на Влада на Србија.

Бизнис заедниците со оценка - иако има уште работа и отворени прашања кои треба да се решаваат – сепак за една година поенцираат направен е огромен исчекор во соработката, а  истата продолжува и во рамки на Отворен Балкан. 

„Во светот во кој денес живееме не постои друг одоговор на ризиците, освен заедничкото работење и да ги споиме колку што можеме нашите стопаснства, нашите економии, да ги тргнеме сите оние бариери кои го спречуваат тоа.“ - изјави  претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеш.

„Преовладува мислењето кај бизнисот дека членството полноправно во ЕУ  е крајниот таргет, а ова е само една алатка преку која треба да стигнеме до тоа. Развивање на регионалната соработка треба да не доведе до главната цел.“ - изјави претседател на Стопанската комора на РСМ, Бранко Азески. 

Србија е трет најголем трговски партнер на Северна Македонија, во време на пандемија  вкупната вредност на трговската размена меѓу двете земји била над една милијарда долари.  Во идинина како посебно значајни за поврзување на регионот и натаму остануваат автопатните и железничките инфраструктурните проекти на Коридорите 10 и 8.