Економски форум за регионална соработка
Foto

Економски форум за регионална соработка

Триото Заев, Вучиќ и Рама утре во Скопје, ќе го менуваат името – „Мини Шенген“.  Региналната иницијатива која исплива на површина во моментот кога државите од Западен Балкан, фрустрирани од политиката на ЕУ кон регионот, решија да преземат независни чекори за интеграција, утре ќе направи конкретни потези за соработка.

Два меморандума за разбирање и еден меѓудржавен договор кој треба да го олесни животот на граѓаните од Западен Балкан и на бизнис заедницата, ќе се потпишат утре во рамки на Економскиот форум што ќе се одржи во Скопје. 

Српскиот претседател Вучиќ и албанскиот премиер Рама денеска пристигнуваат во Македонија и ќе имаат работна вечера со премиерот Заев , без присуство на медиумите. Овие два дена ќе бидат присутни повеќе од 300 компании , ќе има претставници од меѓународните институции, а на настанот ќе се објави и новото име на  иницијативата на Заев, Рама и Вучиќ,  која досега  неформално се нарекува “мал шенген”.

Утре се очејкува да се претстави политичка и економска визија на регионот. Планирани се бројни средби на бизнисмени од регинот кои ќе се оддржат во текот на денот. 

Заедничките проекти од иницијативата во иднина треба да водат кон подлабоко поврзување на Балканот, и да го донесат регионот еден чекор поблиску до ЕУ, а во исто време да  одат рака под рака со процесот на евроинтергација.

„Мини Шенген“ аналитичарите досега ја оценуваа како иницијатива, за прв чекор до Балкан без граници. 

0 Коментари

Остави коментари