Еко-свест и светскиот фонд за природа бараат од Пендаровски да го врати во Собранието спорниот закон за дивоградби

Враќање на законот за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти во собранието и оддржување на јавни расправи, бараат неколку невладини организации од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во писмото кое го испртатија до претседателот велат дека законот е спротивен на уставот, односно на барем две од темелните вредности во чл. 8.

„ЗАКОНОТ Не е усогласен со законот за заштита на природата и законот за води каде што постоење на било какви градби во одредени зони и подрачја е строго забрането, притоа за такви локации нема потреба од дополнително мислење од страна на надлежните институции наведени во новиот закон “, се наведува во реакцијата.