ЕК: ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НА МАКЕДОНИЈА СО ПОЗИТИВНИ ИЗГЛЕДИ, ДА СЕ ВНИМАВА НА РИЗИЦИТЕ
Foto

ЕК: ЕКОНОМСКИОТ РАСТ НА МАКЕДОНИЈА СО ПОЗИТИВНИ ИЗГЛЕДИ, ДА СЕ ВНИМАВА НА РИЗИЦИТЕ

Македонската економија ќе продолжи да испорачува раст, годинава од 3,2 отсто а до 2021 та растот ќе надмине 5 проценти – нотира Европската комисија во годишната анализа на за економските реформски програми на земјите кандидати за членство во ЕУ.

Сепак, се предупредува дека надворешните околности би можеле да се влошат повеќе од очекуваното, со што се става во опасност оваа оптимистичка прогноза.

Во однос на фискалната стабилизација, комисијата смета дека дел од мерките можат да бидат недоволни на долг рок, пред сѐ поради ризиците поврзани за нивната имплементација. Европската Комисија смета и дека е потребен поголем надзор врз растечкиот долг на јавните претпријатија, кои работат надвор од рамките на владиниот фискален режим.

0 Коментари

Остави коментари