ЕК БАРА ДА ПРОДОЛЖАТ ИСТРАГИТЕ ЗА „БОМБИТЕ“ И ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА СТАТУСОТ НА СЈО
Foto

ЕК БАРА ДА ПРОДОЛЖАТ ИСТРАГИТЕ ЗА „БОМБИТЕ“ И ДА СЕ НАЈДЕ РЕШЕНИЕ ЗА СТАТУСОТ НА СЈО

По оставката на Катица Јанева, Европската Комисија во реакција за МИА порачува дека истрагите за илегалните прислушувања треба да продолжат.

„Европската Унија ја прима на знаење најавата на Катица Јанева дека има намера да поднесе оставка, се вели во писмената реакција на Европската Комисија.

Понатаму во коментарот, ЕК повторува дека е „важно сите парламентарни политички партии да продолжат да работат за изнаоѓање одржливо решение за статусот на специјалното јавно обвинителство“.

Европската унија потсетува дека е важно да се продолжи со воспоставување отчетност за криминалите кои произлегуваат и се поврзани со илегалните прислушувања, стои во кусото соопштение од Европската Комисија.

0 Коментари

Остави коментари