Едно лице приведено по вооружениот напад врз синагогата во Хале
Foto

Едно лице приведено по вооружениот напад врз синагогата во Хале

Најмалку две лица загинаа при вооружен напад во синагога во германскиот град Хале. Полицијата соопшти дека е приведено едно лице.

Инцидентот се случи кога непознато лице влегло во синагогата и почнало да пука од автоматска пушка, а потоа избега. Се претпоставува дека напаѓачот се упатил во правец на Лајпциг.

Според дел од медиумите врз синагогата е фрлена и граната. Некои медиуми објавија дека во нападот  учествувале две лица.

– Се случи инцидент во Хале. Според прелиминарните наоди, има и починати. Спроведуваме итна потрага. Сторителот е во бегство. Останете дома или побарајте некое друго сигурно место, објави германската полиција на Твитер. 

0 Коментари

Остави коментари