Едно кажуваат, друго рекламираат
Foto

Едно кажуваат, друго рекламираат

Владата користела фотографија од Германија за да промовира летување во домашните туристички дестинации, како дел од кампањата „Дома си е дома“.

За украдената фотографија дури се огласи и авторот, британскиот фотограф Симон Мигај, кој на социјалните мрежи иронично напиша дека неговата фотографија од Езерото Кенигс - Германија, станала популарна во кампања во Македонија.

„Смешна неделна приказна. Ја споделувам сликата бесплатно на интернет и од време на време таа завршува на чудни места. Во моментов кружи по социјалните медиуми додека Владата на Македонија решила да ја искористи за да го промовира нивниот туризам и Македонците се обидуваат да откријат каде се наоѓа ова место. Ова е Конигсе, во Германија. Умирам од смеа.“ - напиша Мигај. 

По ваквиот потег на Владата социјалните мрежи зовреа. Твитерџиите предлагаат на шеговит начин и други (во поднаводници) „домашни“ туристички локалитети и природни убавини. Па така, кулите близначки во САД да бидат Марковите кули во Прилеп, Швајцарските скијачки центри, наместо Копанки на Пелистер, па дури и Ајфеоловата кула да биде претставена како Дуикачак џамија во село Арачиново.

За ваучерите за домашен туризам се задолжени Министерството за економија. Од таму велат дека во интерес на времето одбрале фотографии од природа. Нема одговор дали ќе му се извинат на фотографот или пак дека ќе ја тргнат фотографијата од платформата.

„Во интерес на времето и со желба да се фокусираме на функсионалноста на платформата одбрани се слики со природа. Платформата ке биде доградена со нови податоци за капацитети и места каде ќе можат нашите граѓани да ги користат ваучерите за одмор и сигурно дека таму ке бидат ставени слики и податоци за убавините на нашата држава.“ - велат од Министерство за економија.

За изработка на платформата Министерството за економија склучило договор во четири очи со фирмата „Џисикс Солушнс“ за што од касата платиле 16 илјади евра.

За кампањата „Дома си е дома“ денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот снимаше видео на Смоларски водопади.

0 Коментари

Остави коментари