Едни против, други за физичко присуство на ученици во школите, дали новиот министерски кабинет ќе ги потврди одлуките на техничката влада?
Foto

Едни против, други за физичко присуство на ученици во школите, дали новиот министерски кабинет ќе ги потврди одлуките на техничката влада?

Жежок викенд за просветните работници и МОН. Ден пред донесувања на можеби најтешката и најодговорна одлука.

Како и на кој начин ќе старува новата учебна година. Ставовите поделени. Епидемиолозите се со став да се вратат учениците во училишните клупи, но под одредени протоколи, од МОН утре ќе ја соопштат конечната одлука.

Одлуката ќе влијае врз децата, нивното здравје, но и здравјето на сите вели директорката на ОУ „Гоце Делчев“, Наде Молеровиќ. Состојбата во моментов според неа, не дозволоува физичко присуство на децата, а родителите мора да бидат вклучени во конечната одлука.

„Сметам дека физичкото присуство, е премногу ризично, непредвидливо, во планповите и во протоколот за работа од септември, ние имаме насоки што треба да ги направиме, меѓуто времето е премногу кратко, прво да направиме анкета до родителите, прво сите сме на одмори се уште, иако сите работиме, и на планирања кои за жал се уште не знаат како да ги направат, затоа што треба да ги направиме додека ги чекаме анкетите  на родителите, ние мора да ги прашаме родителите дали се за, и за која опција се.“ - вели Наде Молеровиќ.

Директорите на училиштата активно се вклучени во донесувањето на одлуката. Кај дел од нив бројот на ученици ја олеснува одлуката, но во голем број училишта, и во нормални услови е тешко да се организира наставата, па се воведуваат и по три смени.

Средното медицинско училиште е едно од поголемите. Во очекување на конечната одлука директорката Салиу, потврдува дека во опција се уште се сите сценарија, а се зависи од направените анализи на надлежните.

„Бројот на ученици е приближно 2300, се работи во смени а во однос на дистанца, ако се оди со настава со физичко присуство, се работи на протокол кој секако ќе биде функционален само под услов да се почитува и од вработените и од учениците. Секако постои можност за хибридна настава (дел со присуство дел он-лајн) или пак комплетно настава на далечина.“ - вели Маја Салиу - директор на средно медицинско училиште „Панче Караѓозов“.

Социјалните мрежи ги седнаа пред компјутер и загрижените родители, но и наставниците .За кратко време се формираше и фејсбук група ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 година, која брои повеќе од 6,500 членови. Сите од нив ја даваат подршката за настава на далечина и сметаат дека состојбата не дозволува децата да се вратат во училиште, а сето тоа би било кобен експеримент.

„Што ќе биде кога во школо ќе дојдат децата од различни семејства, од деца кои доаѓаат од семејства каде што се почитуваат мерките и деца од семејства каде преовладува ставот дека не треба да се носи маска. Затоа ние додовме предлог да имаме опција онлајн, што значи на родителите да им се даде можност да одберат. Тие што ќе одберат онлајн настава, ќе го растеретат школството, но и здравството.“ - вели Светлана Димитриевска.

Наспроти барањата на дел од родителите и наставниците, министерот за образование и наука Арбер Адеми истакна дека преовладува позитивно мислење, и во Kоординативниот кризен штаб и во Владата, но и во образовните институции, учебната година сепак да почне со физичко присуство. Конечната одлука се очекува во текот на утрешниот ден.

0 Коментари

Остави коментари