Еден месец обвинителството ги чека вештачењата на мобилните и компјутерите во „Рекет“
Foto

Еден месец обвинителството ги чека вештачењата на мобилните и компјутерите во „Рекет“

По еден месец од претресите во „Рекет“, обвинителството се уште ги чека вештачењата од компјутерите и мобилните телефони на Бојан Јовановски и Зоран Кичеец. Шефицата Вилма Русковска денеска се врати од одмор. Преку соопштение порача дека во тек се и финансиските истраги и порача дека нема да најавува кој кога ќе добие покана за распит.

„Во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал што ќе помогне во утврдувањето на фактичката состојба. Воедно, дел од одземените електронски уреди се вештачат, а за дел се прават напори за декриптирање на пронајдените содржини.“ - велат од Обвинителство за организиран криминал.

Управата за финансиско разузнавање се уште нема никаков траг од кешот кој Камчев му го дал на Боки 13. Трагата им се губи ина другиот милион кој двете градежни компании го исплатиле на лични сметки на две лица од Меѓународниот сојуз на Боки 13. Пари ан сметката на сојузот нема. Извори финансиско разузнавање велат дека се следат трансакциите и на осомничените и нивните семејства и блиски. 

Според наши информации, уште еден обвинител од СЈО на списокот сведоци за аферата Рекет. Бурим Рустеми е повикан да даде исказ утре во обвинителството кај Русковска. Неговата покана следува по сведочењето на Лиле Стефанова, а заедничко за нив е што на состанок во април добиле предлог од шефицата Катица Јанева да ги затворат случаите Империја и Поштенска банка.

Од нив биле побарани извештаи за финансиската штета која осомничените треба да ја платат, а да не одат во затвор. Рустеми ќе треба да даде и појасна слика за околноста во која пријателот на Катица Јанева и тогашен директор на МЕПСО-Сашо Василевски купил стан од фирма која е под истрага во Поштенска банка на СЈО, само три дена пред Јанева да го замрзне имотот на осомничените.

Распитот според нашите информации може да се одложи и за во петок, бидејќи Рустеми утре како обвинител треба да се појави на судењето за Т.Н.Т. Покана за распит на Катица Јанева се уште нема, а од обвинителството порачаа дека нема да споделуваат информации кој ќе биде повикан на распит.

Токму за случајот „Рекет“ премиерот во најновото интервју за МИА порача дека одговорност мора да има и за сценаристите кои прават се за да се спасат, а притоа се претставуваат како жртви. Не потенцираше дали мисли на Орце Камчев за кого Русковска во една прилика порача дека нема да биде гонет за давање поткуп, иако платил, бидејќи го пријавил случајот во обвинителството.

0 Коментари

Остави коментари