ДЗСИ: Жан Митрев работи согласно дозволата од Министерството за здравство
Foto

ДЗСИ: Жан Митрев работи согласно дозволата од Министерството за здравство

Здравствената дејност во приватната болница „Жан Митрев“ се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство, велат од државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во краткото соопштение што здравствените инспектори го испратија до јавноста стои дека вчера извршиле вонреден инспекциски надзор. 

Нема дополнителни информации за тоа дали испитувале како и какви договори биле склучувани помеѓу болницата и државата ниту пак дали има и натаму законски основ кардиохируршките операции кај бебиња да продолжат да се изведуваат тука, откако единствениот лиценциран детски кардиохирург Владимир Чадиковски и неговиот тим си заминаа од болницата. 

Од болницата на Митрев пак денеска исто така преку писмено соопштение велат дека ја поздравуваат одлуката на антикоруписката комисија да го истражува случајот со детската кардиохирургија. Од болницата велат дека се отворени за соработка и за обезбедување на сите документи и информации со цел утврдување на вистината. 

По отказот на д-р Чадиковски и неговиот тим од приватната болница на Митрев, вчера антикорупционерите соопштија дека отвораат предмет за целиот случај со детската кардиохирургија.

0 Коментари

Остави коментари