Џонсон размислува за повторно воведување карантин во Велика Британија
Foto

Џонсон размислува за повторно воведување карантин во Велика Британија

Борис Џонсон размислува за повторно воведување карантин во земјата. 

Според  британските медиуми, бројот на нови инфекции во Велика Британија се зголемува за најмалку 6.000 дневно, а бројот на пациенти кои се примени во болница со Ковид-19 се удвојува на секои осум дена.

Се очекува главниот епидемиолошки експерт во Велика Британија,Крис Вити, на денешната прес-конференција да соопшти дека земјата е дојдена до критична точка во пандемијата пред многу предизвикувачката зима.

Министерот за транспорт Грант Шнапс претходно денеска изјави дека сите карантински мерки ќе треба да бидат добро избалансирани и дека на компаниите ќе треба да им се дозволи да функционираат за да може земјата економски да ја издржи пандемиската криза, а со работа ќе продолжат и училиштата.

Велика Британкија и официјално е прва земја во Европа според бројот на смртни случаи, а петта во светот – 41.777.

0 Коментари

Остави коментари