Џафери во дилема дали да закаже седница за имунитетот на Вељаноски
Foto

Џафери во дилема дали да закаже седница за имунитетот на Вељаноски

Ќе закаже ли собранискиот спикер Талат Џафери седница за имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски или пак не, откако комисијата за мандатно имунитетни прашања не донесе одлука. Џафери во изјава за порталот Сакам да кажам вели дека има дилеми„извештајот сега ќе го видам, ќе ги свикам и стручните служби за да видам конечно што ќе правам.

 

Извештај од комисијата има, ама нема предлог-заклучок. За свикување седница основен е извештајот со заклучокот. Деловникот не ги предвидува овие ситуации. Јас ќе свикам седница, но што ќе биде предмет на гласање? Нема заклучок од комисијата. За што да расправаме? За што гласаме, за одземање или за неодземање на имунитет? Немаме предлог пред нас. Дали за ’да‘ или за ’не‘. Да постапуваме за тоа судот што предлага. Не може судот да му предлага на собранието, зарем за што е смислата на постоењето на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.Овие специфични ситуации не ги предвидува деловникот. Еве и да го ставам на дневен ред на гласање, што вика извештајот? Извештајот вика и да и не, изјави Џафери за СДК.

 

Оваа дилема ја нема претседателот на комисјата Павле Богоевски кој што уште синоќа за тв 24 изјави дека собранието на крајот го има крајниот збор. Од друга страна пак за ВМРО-ДПМНЕ–процедурата е завршена и Вељаноски останува со имунитет.

 

0 Коментари

Остави коментари