Џафери ќе ја констатира оставката на Груевски
Foto

Џафери ќе ја констатира оставката на Груевски

Оставката на Никола Груевски ќе биде констатирана на денешната седница, потврдувата за ТВ 24 од пратеничките групи. 

Оттаму велат дека собранискиот спикер Џафери решил да ја почитува праксата и како во изминативе шест случаи од овој мандат, да ја констатира и оставката на Груевски без тој да биде присутен на седницата. 

Тоа според информациите им го соопштил утрово и на координаторите. Ова доаѓа откако вчера цел ден власта и опозицијата се надмудруваа дали оставката на Груевски од Унгарија, откако беше преведена, треба да се констатира или пак да се гласа за заклучокот за одземање на мандатот по шестмесечното неоправдано отсуство на комиисјата за мандатно имунитетни и деловнички прашања. 

Според информациите на ТВ 24, на денешната седница ќе биде констатирана и оставката на пратеникот Павле Богоевски, кој ја најави по престанокот на мандатот на Груевски, како последица на скандалот со снимката во која според објавувачот, тој нарачува кокаин, а според Богоевски, масло од канабис.

Богоевски ќе биде присутен и се очекува да ја образложи оставката. 

0 Коментари

Остави коментари