Џафери ја извести Комисијата дека Груевски исполнува услови за одземање мандат
Foto

Џафери ја извести Комисијата дека Груевски исполнува услови за одземање мандат

Собранискиот спикер Талат Џафери ја извести Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања дека претникот Никола Груевски шест месеци неоправдано отсуствувал од собраниските седници, што според процедурите, е повод за одземање на пратеничкиот мандат. 

Според Деловникот на Собранието, Комисијата има 15 дена да достави предлог до Собранието за одземање на мандатот. Претседателот Павле Богоевски изјави дека седница на Комисијата ќе има во понеделник. 

За Груевски да остане без пратеничка функција треба да гласаат 80 пратеници „ЗА“. 

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека власта се обидува да прави дефокус од нивните дебакли и порачуваат дека допрва ќе се координираат во пратеничката група, откако ќе биде закажана седницата. 

И од пратеничката група на осумте исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека допрва ќе го градат ставот. 

 

 

 

 

0 Коментари

Остави коментари