Џафери го врати барањето за анкетна комисија за Тетово
Foto

Џафери го врати барањето за анкетна комисија за Тетово

Собранискиот спикер Џафери им го врати барањето за формирање анкетна комисија на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во врска со случувањата во Тетово со образложение дека не е во согласност со амандманот 33 од Уставот, кој произлегува од Преспанскиот договор, односно предвидува дека уставното име на земјава е Република Северна Македонија.

Џафери им го врати на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ барањето за анкетна комисија за Тетово. 

Лидерот на најголемата опозициска партија пак Христијан Мицкоски денеска на брифинг со новинарите одговарајќи на новинарски прашања и на оваа тема посочи дека  ќе поднесат нова иницијатива и со Уставното име само за правдата да излезе на виделина.

Во прашање се човечки животи и виновникот мора да биде санкциониран. ВМРО-ДПМНЕ не само што ќе поднесе кривични пријави до владата и министерот за здравство туку ќе се издигнеме и над партиските интереси и ќе поднесеме ново барање за  анкетна комисија со уставното име како што бара собранискиот спикер Џафери. 

За тоа дека барањето им е одбиено пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ информираше и на пресконференција.

Премиерот Зоран Заев пак денеска во врска со анкетната комисија посочи дека прво треба да се сочекаат резултатите од истрагата иако како што рече не гледа спорно пратениците да иницираат такво барање.

Во врска пак со иницијативите на опозицијата  првиот парламентарец, во изминатите три години во повеќе наврати одбива иницијативи на ВМРО ДПМНЕ затоа што опозициската партија не го користи новото уставно име или само ја додава буквата „С“ меѓу зборовите Република и Македонија.

0 Коментари

Остави коментари