Две негувателки позитивни на коронавирус во Кавадарци, во изолација 22 деца
Foto

Две негувателки позитивни на коронавирус во Кавадарци, во изолација 22 деца

Две негувателки се позитивни на коронавирус во Кавадарци, вработени во различни објекти од градинка, во изолација се  22 деца и четворица вработени, заболен е и еден здравствен работник, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Центарот бележи и две починати лица, на 66 и 81 година.

Потврдени се нови 28 случаи позитивни на коронавирус. Во Кавадарци 16, Росоман 2, Неготино 6 и 4 лица во Демир Капија. Тие се на возраст од 17 до 79 години.

0 Коментари

Остави коментари