Двајт Хауард повторно ќе игра за Лејкерси
Foto

Двајт Хауард повторно ќе игра за Лејкерси

Кошаркарот Двајт Хауард потпиша договор со Лејкерс, објави на официјалната веб-страница клубот од Лос Анџелес.

Услови во договорот не се обелоденети.

Според извештаите на медиумите, играчот сам си го платил обештетувањето од 2,6 милиони долари за предвремен прекин на соработката со Мемфис.

Хауард играше за Лејкерс во сезоната 2012/13. 33-годишниот играч одигра девет натпревари за Вашингтон минатата сезона и оствари просек од 12,8 поени и 9,2 скока. Тој пропушти значаен дел од сезоната поради повреда.

0 Коментари

Остави коментари