Двајца сноубордери загинаа во лавина во банско, поточно кај врвот Тодорка на Пирин. Кога спасувачите пристигнале на местото на несреќата, тие веќе биле починaти, објави „Бгнес“. Загинатите се момче и девојка, и двајцата бугарски државјани. Несреќата се случила околу 12 часот. Лавината ги влечела загинатите 800 метри. Бугарските медиуми пишуваат дека по обилните снежни врнежи, опасноста од лавини на планините е зголемена.
0 Коментари