Двајца браќа, синови на поранешен градоначалник, со нож прободеле 27 - годишно момче
Foto

Двајца браќа, синови на поранешен градоначалник, со нож прободеле 27 - годишно момче

Трагите од крв кои ги затекнавме утринава пред угостителскиот објект во скопско Марино говорат за синоќешниот крвав инцидент кој се случил токму пред вратите на овој ресторан.

Во инцидентот тешко повреден е 27-годишниот Филип Филиповски, вработен во МВР, кој во моментов по долга операција се наоѓа на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Филиповски во моментот на инцидентот не бил на работа, туку приватно бил во угостилетскиот објект.

Според неговите пријатели и сведоци на местото на настанот, најпрвин дошло до вербална расправија меѓу сегаповредениот и други две лица, по што Филиповски бил избоден со нож.

„Кога излегов надвор, Филип беше целиот во крв, го земав во кола и го однесов во Државна. Докторите рекоа дека ситуацијата е критична, му извадија еден бубрег и една слезинка“ -  вели очевидец на настанот.

Полицијата го потврди инцидентот. Од МВР посочија дека напаѓачите А.Ц. и Ј.Ц. се приведени, а полицијата работи на расчистување на случајот.

„На 23.03.2019 година во 00,30 часот во СВР-Скопје било пријавено на улицата “532“ во угостителски објект во с.Марино–скопско дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу лицата: Ф.Ф. (27) од с. Кадино-скопско од една страна и А.Ц. и Ј.Ц. од друга страна, при што Ф.Ф. бил прободен со нож. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а А.Ц и Ј.Ц се приведени во полициска станица“ - велат од МВР.

Според сведоштвата на неговите другари за Телевизија 24, станува збор за браќата Александар и Јордан Цветковски, синови на поранешен градоначалник, кој со години е вработен во Министерството за внатрешни работи.

„Кога одевме Јордан, се чукнавме со рамо. Слушнав како Јордан како со вулгарни зборови му се обраќа на Филип“ - вели очевидец на настанот.

Неуспешни беа нашите обиди да стапиме во контакт со поранешниот градоначалник чии синови се тврди дека се учесници во инцидентот. Освен овој случај, вчера попладне имало уште еден крвав инцидент.

Четири лица учествувале во тепачка во угостителски објект на улицата „Рузвелтова". Според полицискиот билте, во оваа тепачка двајца се полесно, а еден потешко повреден. Трите лица се обезбедени, пишува МВР, а по едно лице со иницијали Е.Р. се трага за целосно расчистување на случајот.

 

0 Коментари

Остави коментари