„Дупла круна“ за Баерн
Foto

„Дупла круна“ за Баерн

Екипата на Баерн Минхен синоќа на „Олимпискиот стадион“ во Берлин го победи Лајпциг со 3-0 во финалето на фудбалскиот Куп на Германија и на тој начин стигна до двојната круна.

Стрелци на головите за баварците беа Левандовски на двапати и Кингсли Коман.

За баварците ова е 19. трофеј во Купот на Германија.

Претходно Баерн по 29. пат стана шампион на Германија.

0 Коментари

Остави коментари