ДУИ предложи шест директори
Foto

ДУИ предложи шест директори

ДУИ предложи шест имиња за директори откако претседателот на владата, Зоран Заев, минатата недела објави дека ќе бидат разрешени директори, членови на управни и на надзорни одбори.

Како што објави телевизија „Алсат“, за Македонски железници- инфраструктура предложен е Фестим Халили, за бирото за јавни набавки елвадина дика, за агенцијата за странски инвестиции Арбен Вила, за „Македонија пат“ Армир Садику, за клиниката за гинекологија Ајрула Мустафа и за банката за поддршка на развојот – Фарук Исмаили.

До сега ЈП „МЖ – инфраструктура“ го водеше Ирфан Асани, директор на Бирото за јавни набавки беше Бардул Насуфи, Вулнет Адеми и Гајур Кадриу беа директори на агенција за странски инвестиции и „Македонија пат“, а Ваљон Беља беше економски директор на ЈЗУ ГАК. Член на надзорниот одбор и в.д директор на банката за поддршка на развојот беше Кирил Колемишевски.

0 Коментари

Остави коментари