ДУИ победник во албанскиот блок, Беса задоволни, Алијансата влегува во преговори за влада
Foto

ДУИ победник во албанскиот блок, Беса задоволни, Алијансата влегува во преговори за влада

32 пратенички места според досегашните бројки на ДИК им донесоа предвремените парламентарни избори на партиите од албанскиот политички блок.

Споредено со претходниот пратенички состав тоа се 12 пратеника повеќе. Според бројките кои за сега остануваат како евидентирани ДУИ на овие избори доби 15 пратеника, Коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива 12, коалицискиот партнер на СДСМ - БЕСА пак освоија 4 пратенички места, а ДПА обезбеди едно пратеничко место за нејзиниот лидер Мендух Тачи.

И додека се уште се добројуваат гласовите по случувањата во ДИК сите партии од албанскиот политички блок се надеваат дека ќе бидат дел од идната влада. Од партијата на Касами пак денеска велат ќе го сочекаат добројувањето на резултатите па потоа ќе излезат со став за тоа која од партиите или коалициите од албанскиот блок би била прифатлива за коалиција. 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети пак по вчерашните избори посочи дека орелот се враќа, а во Мала Речица се славеше. 

Лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива иако вчера во отворениот штаб не славеа со  зурли и тапани триумфално го затворија, со заедничка прес конференција на која порачаа дека ДУИ слави но тие ќе преговараат да бидат дел од идната влада.

За целосно да биде јасна сликата за распоредот на пратеници од албанскиот политички блок во законодавниот дом се чека ДИК да излезе со официјалната бројка, но и да се разгледаат приговорите кои ги спремаат партиите. Алијансата за Албанците и Алтернатива пак и вчера веќе јавно се жалеа на одрдени нерегуларности, но и притисок вперувајќи го прстот токму кон ДУИ.

0 Коментари

Остави коментари