ДУИ ја смирува топката по уцените од ИВЗ
Foto

ДУИ ја смирува топката по уцените од ИВЗ

„Во вторник во 12 часот ќе дадеме одговор“ - рече Реисот Сулејман Реџепи.

По дводневните остри преписки меѓу Владата и ИВЗ, поглаварот на Исламската заедница најави дека ќе прозбори за два дена. Денеска ги избегна медиумите движејќи се кон своето столче во првиот ред, како гостин на лидерот на ДУИ и коалициски партнер во Владата, на која токму Реџепи и даде ултиматум од 10 дена да ги реши проблемите со верскиот имот. 

Ахмети ги омекнува препукувањата и вели не се сериозен проблем. 

„Сметам дека има простор да се разговара и не е од сериозен размер толку овој проблем меѓу институциите и ИВЗ“ - рече Али Ахмети. 

Други детали Ахмети не соопшти, брзаше да ја отвори прославата за 20 - годишниот јубилеј од бомбардирањето на НАТО. 

За разлика од него, потпретседателот на Владата и министер за внатрешни, писмото на ИВЗ вчера го оцени како сериозна уцена. ИВЗ предупреди дека предизборно ќе ги извести своите верници во околу 700 џамии во земјава дека се дискриминирани, за разлика од МПЦ, бидејќи Владата споро ги решава имотните прашања со џамии во битолски Лажеџ, Штип и Али пашината џамија во Охрид. 

Во меѓувреме, од пред неколку месеци, УЈП преку Централен регистар и други институции под лупа ја стави имотната и даночната состојба на ИВЗ.

 

0 Коментари

Остави коментари