Дуел на Заев и Мицкоски на ТВ 24
Foto

Дуел на Заев и Мицкоски на ТВ 24

Денеска со почеток во 18 часот и 15 минути ќе се случи првото изборно соочување на лидерите на двете најголеми партии Христијан Мицкоски и Зоран Заев.

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во предизборен дуел ќе дебатираат на Телевизија 24, а нивен домаќин ќе биде Младен Чадиковски.

Се најавуваат сет на прашања од областа на политиката, правдата, и можности за соочување на аргументите на повеќе теми од економијата.

Бомбашко лето во среде кампања, кој губи а кој добива? Аргументите на маса – можна ли е правна држава со селективна правда?

Договорите со Бугарија и Грција како обезличување или како зацементиран идентитет за ЕУ и НАТО?

И СДСМ И ВМРО ДПМНЕ во ек на коронакриза, ветуваат повисоки плати и зголемена економија, реални ветувања или бајки за гласачите, пишува во најавата на дуелот.

Отворено студио на ТВ 24 е денес во 18 часот и 15 минути.

0 Коментари

Остави коментари