Државното водостопанство должи на управата за јавни приходи, а купува возила
Foto

Државното водостопанство должи на управата за јавни приходи, а купува возила

Државното Водостопанство за кое Телевизија 24 објави дека склучило договор за изнајмување на 15 возила на 5 години, за кои ќе плати 417.000 евра и ќе ги врати, е должник на Управата за јавни приходи. Претпријатието должи 126.000 евра на УЈП за ДДВ кој не е платен заклучно со крајот на 2018 година. Но, директорот Илми Селами, со денови не одговара на прашањата на ТВ 24. Иако го баравме да одговори која е економската логика претпријатие кое е должник на УЈП да потроши 417.000 евра пари на граѓаните за ренатање на 15 возила, кои треба да ги врати, кои ако утре ги купи од салон ќе ги плати максимум 270.000 евра.

Селами побара да одговора во живо на сите наши прашања. Но кога му понудивме да биде гостин во Дневникот во 17 часот тој ја прекина комуникацијата. Преку СМС порака ни рече дека неговата вистина ќе ја кажува преку други медиуми. Претходно Селами не препрати кај раководителот за набавки.

ТВ 24 објави дека договорот за оперативен лизинг е склучен со „Аутомотив груп“- изнајмени се 14 теренски возила „Дачиа Дастер“ и едно “Рено Талисман“. Спорно во договорот е и тоа што стои и дека во тие 5 години, ако едно возило надмине 100.000 километри, претпријатието ќе плаќа по 19 денари за секој нареден поминат километар. Математиката на Телевизија 24 покажа дека претпријатието да ги купеше возилата, ќе платеше максимум 270.000 евра, или речиси 150.000 евра помалку од што ќе плати за изнајмувањето.

Така само за изнајмување на едното возило „Рено Талисман“ за пет години, Водостопанство ќе плати 48.000 евра, а тоа возило во салон чини максумум 27.000 евра. За рентање на едно возило „Дачиа Дастер“ претпријатието ќе плати речиси 27.000 евра, а максималната продажна цена во салон на ова возило е 18.400 евра. Или за 14-рте Дастери граѓаните ќе платат вкупно 370.000 евра за пет години, или за 120.000 евра повеќе, отколку ако утре овие автомибили се купат од салон. Директорот на АД Водосотопанство Илми Селами е познат на јавноста како поранешен претседател на Антикорупциска, како и заменик министер за одбрана, но беше и во Управниот одбор на резерватот „Јасен“.

0 Коментари

Остави коментари