ДРЖАВНО СУБВЕНИЦИОНИРАЊЕ НА ПЛАТИ: БОРБА СО СИВА ЕКОНОМИЈА ИЛИ ПОПУЛИЗАМ ?
Foto

ДРЖАВНО СУБВЕНИЦИОНИРАЊЕ НА ПЛАТИ: БОРБА СО СИВА ЕКОНОМИЈА ИЛИ ПОПУЛИЗАМ ?

Треба ли државата да им помага на бизнисмените кои до сега давале плата во плик или со новата мерка за субвенционирање на придонесите на платите признава дека не може да се справи со сивата економија. Мислења се поеделени, како и очекуваните ефекти што може да ги повлече новиот закон. Според прелиминарните пресметки на Фајнанс тинк, со оваа мерка ќе се намали исплатата на плата во плик од сегашните 20 % на 5,8%. Тоа ќе повлече зголемување на платите на национално ниво, но вака дизјаниран законот ќе повлече и огромен трошок од 28 милиони евра годишно. Затоа економистите препорачуваат тој да важи само за платите до 24 илјади денари, а во борбата со сивата економија инспекторите да ја засилат контролата.   

Компаниите, пак, стравуваат дека оваа мерка може да се претвори во оправдување, паралелно да се превземат чекори за зголемување на минималната плата, а работодавачите сега не се подготвени за тоа. 

За Владата, новата мерка е помош за задржување на стручниот кадар и борба против сивата економија. Важи еднакво за сите компании и вработени во приватниот сектор, но не и за јавната администрација бидејќи таму нема плата во кеш. 

Во предлог законот стои дека работодавачите кои ќе ги зголемат платите од 600 до 6000 денари ќе добијат субвенции. За тој дел тие нема да плаќаат придонесеи, туку само персонален данок. Ќе се земе просек од три месечни плати и во тој период платата на работникот да не му е намалена. Заев вели дека дополнително ќе се утврди кои месеци ќе бидат референтни, зашто дел од компаниите веќе почнале да ги намалуваат платите за да ја искористат мерката. 

Субевниците треба да стартуваат од октомври и да се исплаќаат во следните три години. За оваа мерка со ребаланост се одвоени 6,5 милиони евра. 

Од буџетот годинава скратени се и 50 милиони евра од капиталните инвестиции.  Дефицитот е оставен на исто ниво од 2,5% од БДП, а економскиот раст се очекува да забрза и да стигне до 3,5%.

0 Коментари

Остави коментари