ДРЖАВНИОТ ЗДРАВСТВЕН ИНСПЕКТОРАТ НЕ НАЈДЕ НИШТО СПОРНО ВО КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“
Foto

ДРЖАВНИОТ ЗДРАВСТВЕН ИНСПЕКТОРАТ НЕ НАЈДЕ НИШТО СПОРНО ВО КЛИНИКАТА „ЖАН МИТРЕВ“

Здравствените инспектори не нашле ништо спорно во работењето на приватната болница „Жан Митрев“. Откако антикорупциска отвори предмет за случајот со детската кардиохирургија, денеска од инспекторатот преку кусо соопштение до јавноста велат дека извршиле вонреден надзор при што утрдиле дека болницата работи согласно дозволата на министерството за здравство издадена во март годинава.

- „При надзорот е констатирано дека здравствената дејност во приватната Клиничка болница ЖАН МИТРЕВ - Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство“ - Државен здравствен и санитарен инспекторат.

Од Министерството за здравство велат дека со решението што министерот го издал во март годинава, на болницата и се дозволува да врши и кардиохируршки операции кај бебиња.

- „Министерство за здравство потврдува дека во состав на ова решение има дозвола за вршење здравствена дејност на секундарно ниво (специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност) за внатрешни болести меѓу кои и за кардиохирургија за возрасни и детска кардиохирургија со исполнети условите во однос на простор, опрема и кадар.“ - Министерство за здравство.

Но нема одговор дали кадровските услови се и сега исполнети откако дел од тимот на чело со единствениот лиценциран детски кардиохирург, Чадиковски ја напушти болницата.

Од клиниката „Жан Митрев“ преку писмено соопштение ја поздравија одлуката на антикорупциска да го истражува случајот со детската кардиохирургија и велат дека стојат на располагање за утврдување на вистината.

- „Клиниката е отворена за соработка за обезбедување на сите потребни информации и документи кои ќе бидат потребни за утврдување на вистината.“ - Жан Митрев Клиник.

По пропаѓањето на проектот со детската кардиохирургија,ниту министерот за здравство, ниту д-р Чадиковски ниту пак д-р Митрев досега немаат излезено во јавноста да договорат на прашањата кои се поставуваат, туку се објаснуваат само со писемни соопштенија.

Антикорупциска вчера отвори предмет во кој ќе истражува како и какви договори министерството склучувало со приватната болница, но и дали постапката за добивање на лиценца за детска кардиохиругија е законски спроведена.

0 Коментари

Остави коментари