Дрвокрадци нападнале полициски службеници во атар на село Степанци
Foto

Дрвокрадци нападнале полициски службеници во атар на село Степанци

Петмина полицајци се повредени синоќа кај селото Степанци во општина Чашка, откако биле нападнати од група дрвокрадци. Еден од полицајците, кој е командир во полициската станица Чашка, на скопските Клиники се бори за живот.

Од удар со тврд предмет, добил пукнатина на черепот долга 20 сантиметри. Инцидентот се случил околу 19:45 часот кога полициска екипа од Чашка, отишла на интервенција, откако биле запленети две возила со нелегално исечени дрва.

Тогаш, со дрвени палки, дрвокрадците, кои според непотврдени информации дошле од прилепскиот крај, ги нападнале полицајците и ги претепале. 

Тие успеале да се јават во велешката брза помош, која ги пресретнала на стариот пат Чашка – Прилеп и ги префрлила во болница.

Останатите тројца полицајци се со полесни повреди. Велешката полицијата го потврди инцидентот и соопшти дека четворица од напаѓачите се уапсени.

„Околу 20 часот на стариот пат село Извор – Прилеп, атар на село Степанци, група на граѓани кои вршеле безправна сеча на огревни дрва ја нападнале полициската патрола од пет полициски службеници од Полициското одделение – Чашка. Досега се приведени четири лица. Се работи на расчистување на случајот“ - соопштија од МВР.

0 Коментари

Остави коментари