Драшко Зидар од Хрватска прогласен за најдобар актер на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица
Foto

Драшко Зидар од Хрватска прогласен за најдобар актер на ФКТ „Ристо Шишков“ во Струмица

Наградата за најдобро актерско остварување на годинашново издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ му припадна на хрватскиот актер Драшко Зидар за улогата на Сладек во преставата „Аудиенција“ работена по текст на Вацлав Хавел, а во режија на Дражен Ференчина на театарот од Вировитица од Хрватска.  

Според жирито конкуренцијата била голема, но Зидар улогата ја одиграл мајсторски приближно до она што бил Ристо Шишков како актер низ македонските театри за што го освои златниот медаљон со ликот на патронот на фестивалот и парична награда од 1.500 евра

За наградата најдобро актерско остварување конкурираа 40-тина актери од 9 престави од земјава, но и од Бугарија и Хрватска кои беа прикажани во петте фестивалски денови во Струмица каде се славеше театарската игра. 

На Фестивалот Новата европска театарска акција (НЕТА) додели награди на повеќе актери и престави како дел од европската театарска мрежа.

0 Коментари

Остави коментари