Досега 8 жртви од лавина во Австрија, 40 места отсечени од светот
Foto

Досега 8 жртви од лавина во Австрија, 40 места отсечени од светот

Над илјада лица се заробени во Австрија поради обилните снежни врнежи, кои не престануваат, многумина се целосно отсечени од остатокот на земјата, а досега лавините однесоа осум човечки животи.

Повеќе од 40 места во покраината Салцбург, Тирол, Долна Австрија и Штаерска се отсечени од остатокот на Австрија и до нив не може да се стигне, поради што се прогласени кризни зони.

Повеќе од 1.200 војници се вклучени во акцијата за спасување и извлекување на граѓаните од завеаните места, а во интервенциите за снабдување се користат и хеликоптери.

Што се однесува  до лавините, опасноста од снежни одрони никогаш не била така висока, и дури во четири покраини е прогласено највисоко, петто ниво на опасност.

Речиси секојдневно во се објавуваат вести за жртви и досега снежниот одрон однесе осум животи.

Во Абтенау настрадаа двајца австриски државјани, еден словенечки скијач, кој скијал надвор од писта, погинал во Цаухензе, една Швајцарка и тројца Германци ги загубија животите во покраината Форарберг, а вчера попладне загина 16-годишен тинејџер во Санкт Антон ам Арлберг.

Во моментов се трага и по некои исчезнати лица во општината Лиленфелд. Австриските власти стравуваат да не се повтори драмата од пред 20 години, кога лавина ја погоди општината Гачтир и усмрти 38 лица, а повреди 50.

0 Коментари

Остави коментари