Досега 11 граѓани дошле на тестирање за коронавирус во Штип
Foto

Досега 11 граѓани дошле на тестирање за коронавирус во Штип

Досега 11 граѓани дошле на тестирање за корона вирус во Штип. Пунктот е сместен во просториите на ренгенот на приземјето во Здравствениот дом. На тестирање може да дојдат сите оние што имаат закажано мој термин преку матичните лекари.

Закажувањето се врши телефонски. Од штипскиот Центар за јавно здравје велат дека сите вработени работат постојано, бидејќи освен работата на пунктот тие имаат и обврска да ги контактираат и сите заболени со вирусот, како и оние кои биле во контакт со нив. 

Паравани што ја одбележуваат патеката на движење, место за дезинфекција на обувки. Медицински тимови во полна заштита. Една од просториите на одделението за рентген на приземјето на штипскиот здравствен дом, стана пункт за тестирање за корона вирус. Формирани се шест тимови составени од лекар и лаборант.

На пунктот што работи веќе три дена од осум до 14 часот, досега 11 граѓани се тестирале за корона вирус. Граѓаните не смеаат самоиницијативно да доаѓаат на пунктот. Можат да се тестираат ако претходно закажат термин кај матичниот лекар, но од Центарот за јавно здравје апелираат  дека е важно граѓаните да ги почитуваат термините за да не доаѓаат во контакт едни со други.

Освен што работат активно на пунктот епидемиолозите ги контактираат и сите заболени со вирусот, како и оние кои биле во допир со нив. Одговараат и на отворената телефонска линија на сите граѓани кои имаат потреба од информации. 

Досега во Штип се потврдени седум случаи на Ковид 19. 626 граѓани од Штип се во самоизолација, 64 со решение. Епидемиолозите не знаат како ќе се развива состојбата наредните денови затоа апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките на надлежните. 

0 Коментари

Остави коментари