Дополнетиот предлог-буџет за 2019 година пред владата
Foto

Дополнетиот предлог-буџет за 2019 година пред владата

Владата на седница го разгледува дополнетиот предлог-буџет за 2019 година откако помина на собраниската комисија за финансирање и буџет. За време на расправата во собраниската комисија, пратениците од мнозинството оценија дека се работи за развоен и социјален буџет со поддршка на евроатланските интеграции, а за опозицијата тој е мегаломански со нереални проекции. Вкупните приходи во државната каса, според предлог-буџетот, се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари. Растот на бдп е проектиран на 3,2 проценти, а стапката на инфлација на два процента. Буџетскиот дефицит е проектиран на 2,5 проценти или 17,7 милијарди денари што е за 500 милиони денари помалку во однос на 2018 година. Со предлог-буџетот за 2019 година се обезбедени и средства за зголемување на платите од 5 проценти во одбраната, здравството и образованието. По разгледувањето на дополнетиот предлог-буџет за 2019 година, тој ќе биде испратен до собранието на усвојување.

 

0 Коментари

Остави коментари