Дончиќ постави рекорд во НБА
Foto

Дончиќ постави рекорд во НБА

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ постави рекорд во регуларниот дел од сезоната во НБА лигата. Тој ноќеска против Сакраменто (114:110 по продолжение), постигна 34 поени, 20 скокови и 12 асистенции.

Според прес-службата на лигата, 21-годишниот Словенец стана најмладиот играч во историјата на НБА кој комплетираше трипл-дабл со најмалку 30 поени и најмалку 20 скокови.

Резултати на натпревари одиграни синоќа:

Милвоки – Бруклин 116:119

Сакраменто – Далас 110:114

ЛА клиперс – Феникс 115:117

Индијана – Орландо 120:109

Мајами – Бостон 112:106

Портланд – Хјустон 110:102

0 Коментари

Остави коментари