Дома, оптимизам дека датум за пристапни преговори ќе има
Foto

Дома, оптимизам дека датум за пристапни преговори ќе има

Оптимизмот за датум останува и покрај црвеното светло од министрите на ЕУ – на потег е Емануел Макрон. Ќе омекне ли цврстиот став на францускиот претседател кој според експертите се наметнува како лидер на новото движење на Европа ? Едно е јасно – Македонија и Албанија засега остануват во пакет на кој можеби ќе му се постават нови услови и методологија, а можеби и оваа сесија ќе остане само да чека на портите на ЕУ.

„Од една страна можеби легитимно е правото дека процесот за проширување не ги дава резултатите кои иземјите се надеваат и ЕУ ги очекува, но од друга страна не треба да бидат казнети Македонија и Албанија кога станува збор за определување на датум за почеток на преговори. Покрај овие дискусии на стратешко ниво, ценам дека германската канцеларка сепак ќе се обиде да издејствува позитивна одлука за добивање датум.“ - изјави Александар Јовановски Хелсиншки Комитет.

Земјава го направи своето – на поттег е Европската унија, сметаат министрите во владата. Од опозицијата остануваат на ставот дека без разлика на исходот – мора да се спроведат предвремени паралментари избори.

Сепак, дел од аналитичарите иако очекуваат датум за почеток на пристапните преговори, забележуваат дека изминатиот подолг период земјава ги занемарила сигналите што ги испраќал официјален Париз – кој сега само го потврди тоа што го најавуваше.

„Да не заборавиме во 2001та, Франција одигра голема улога во постигнувањето на политичко решение на воената криза, Ле Роа беше специјален претставник во најклучниот момент кога беше разоружувањето. Да не се навраќаме наназад, Бадентер го спомнуваме со неговото експертско мислење дека Македонија како дела од поранешна Југославија ги има сите услови да биде самостојна држава. Нас не поврзуваат со французите врски кои сега не знам дали доволно ги користевме.“ - изјави Владо Бучкоски во 24 анализа.

На агендата на Зеев деновиве во Брисел нема ниту еден француски претставник. Иако минатата година за време на бугарското претседателство се наметна темата за проширување, а французите покажаа резерви, факт е дека уште во далечната 2005 година, во времето на Жак Ширак тие бараа нова, реконструирана Европа.

0 Коментари

Остави коментари