Дома – најачитани мотивациски автори, бестселери и трилер романи
Foto

Дома – најачитани мотивациски автори, бестселери и трилер романи

Во светот постојат речиси 130 милиони објавени книги, за кои се потребни 60.000 години да бидат прочитани, најчитани се Библијата, серијалот за Хари Потер и Малата црвена книшка на Мао Це Тунг, додека најмногу пари за книга од својот буџет одвоил основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, за Кодексот Лејчестер на Леонардо да Винчи, за која платил 30,8 милиони долари. Поранешниот претседател на САД, Теодор Рузвелт читал по една книга на ден.

Истражувањата покажуваат дека најмногу време за читање одвојуваат жителите на Индија, со одвоени повеќе  од 10 часа наделно за читање на книги , по нив следуваат жителите на Тајланд и Кина, кој секој слободен миг го користат да читаат, независно каде се наоѓаат, со нив секогаш имаат книга да седнат и да прочитаат некоја страница.

Иако не ги сретнуваме љубителите на книга често во јавниот простор, анкетатите   покажуваат  дека македонците сакаат да читаат книги, независно дали се изнајмени од библиотеките, купени во антикварниците или некои од новите изданија низ големиот број на книжарници, и on line продавниците. Повозрасните, сметаат дека младите можат многу повеќе, за младите пак читањето е лесно достапно и ефтино.
анкета граѓани

Од книжарниците и издавачките центри се задоволни од посетеноста и побарувачката на книги , често и пред време , вљубениците во литературата ги барааат светските наслови и го трасират патот на издавачите, но она што изненадува во последниот период  кај македонските читачи е барањето на мотивациските автори.

Уредничката  на Амазон, Сара Гелман за Business Insider ги откри десетте најдобри книги на годината, досега. Од морничави трилери до амбициозни мемоари и лесни новели, на листата има по сè од нешто, според online продавниците за книги во Македонија, можеме да забележиме дека и кај нас најпродавани се светските бестселери и трилерите, како  и љубовните романи, факт кои што радува е дека домашните автори се со повеќе од 10 изданија и се се повеќе барани од читателите,а класиците и понатаму остануваат да бидат во интерес и на новите генерации.

Ако Индијците, поминуваат 10 часа неделно читајќии книги, останува да чекаме да се спроведат истражувања и кај нас, па да видиме дали ќе добиеме податок кој ќе не израдува или ќе треба да одвоиме повеќе време за дружење со книгите.

0 Коментари

Остави коментари