ДОЛГОСКИ ДЕЈАН ОД ПРИЛЕП Е НОВ МИЛИОНЕР КОЈ ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ ВРЕДЕН 1.336.670

Нашиот најнов милионер  е доказ дека среќата ја привлекуваат позитивните луѓе. Најновиот член во семејството среќни добитници на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ на Видеолотарија Касинос Австрија е Долгоски Дејан од Прилеп. Тој додаде уште една добивка во својата плодна „кариера“ и со широка насмевка ја сподели својата приказна.

Дејан  е побогат за 1.336.670 денари, откако на 17 јануари стана добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ. Кога дојде во Скопје да ја потврди својата добивка беше пресреќен и призна дека, едноставно, има среќа и дека ова не е прва ваква добивка. Во блиското минато, во Германија освоил околу 16 илјади евра на игри на среќа. 

Сега работи како автомеханичар и веќе е извесно дека парите ќе ги потроши за да купи нов автомобил. Не пропушти да го спомне и својот татко, кој му донел среќа, бидејќи заедно играле во објектот на Евротип, во Прилеп.

Само за потсетување, во 2021 134 играчи станаа милионери благодарение на освоената МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка. Тие заедно во 2021 освоија 202.277.991,00 денари. 

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно