ДОХА: Лажни се наводите на Саудиска Арабија по пресудата од Светската трговска организација
Foto

ДОХА: Лажни се наводите на Саудиска Арабија по пресудата од Светската трговска организација

„Во изјавата издадена од саудиската Управа за интелектуална сопственост (САИП) на 23 јуни 2020 година, Саудиска Арабија упатува бројни лажни тврдења за наодите на извештајот на Светската трговска организација (СТО) во врска со спорот „Саудиска Арабија - Мерки во врска со заштитата на правата од интелектуална сопственост“. Овие погрешни тврдења се за жал дел од организиран обид на Саудиска Арабија да шири дезинформации и да ја сокрие вистината за наодите на Панелот на СТО.“ - стои во изјавата на Катар по повод последната реакција на Саудиска Арабија.

Тие додаваат дека Саудиска Арабија не успеала да ги заштити правата за интелектуална сопственост.

- „Комисијата на СТО утврди дека обидот на Саудиска Арабија да се повика на основ на националната безбедност не го оправдува кршењето на нејзините обврски од договорот за заштита на интелектуалната сопственост во рамките на Светската трговска организација. Поточно, Комисијата утврди дека „неприменување на кривични постапки и казни за пресуда ,во овој случај против БиАутКју не ги достигнува ни минималните услови за веродостојност во однос на изразените безбедносни интереси, т.е. тие не се оправдани како мерки што ги штитат овие интереси.“ - се вели во реакцијата на Катар.

Панелот на СТО откри дека оваа информација е испратена до саудиското министерство за медиуми и саудиската генерална комисија за аудио и визуелни медиуми (ГЦАМ) уште од 2018 година, кога започна пиратеријата на „БиАутКју“. САИП не беше во функција до 2019 година. Во ниту еден момент, БиИн или други иматели на странски права не добија никаква

комуникација од ГЦАМ дека нивните поплаки треба да бидат испратени до САИП, или кој било друг саудиски орган.

Во изјавата, Саудиска Арабија се обврзува „да стори сè што е можно во законски рамки“ за да се престане со пиратеријата на авторските права. Доколку изјавата е вистинита, тогаш Саудиска Арабија прво треба да го прифати извештајот на СТО и да преземе итни мерки против сторителите на прекршокот.

0 Коментари

Остави коментари