Докази нема, но сомневање има
Foto

Докази нема, но сомневање има

Сомнеж за смрт кај двајца мажи по примена вакцина против ковид, едниот на возраст од 53, а вториот на 85 години. Смртта настапила две недели по примена вакцина, а случаите во Агенцијата за лекови( МАЛМЕД) ги пријавиле лекарите. Помладиот бил вакциниран со Фајзер, а постариот кој имал и неконтролиран дијабетес, со Астра Зенека.  

Која е причината за смртта, дали е директно поврзана со вакцината треба да покажат испитувањата на Институтот за јавно здравје, каде пак велат дека досега не добиле пријава.  Досега во МАЛМЕД биле пријавени 133 случаи на несакани реакции од лекари, 88 од фармацевти, 10 од други здравствени работници и 15 од граѓани.

Реакциите биле во склоп на предвиденото во упатството, главоболка, гадење, вртоглавица, болка во раката, но имало и неочекувани  како тромбоза, алергиска реакција, болка во гради, кои биле излекувани. 

Во неколку наврати досега биле уништени вакцини од Фајзер, Астра Зенека и Синофарм поради истек на рок, промена на бојата или отстапки од ладниот ланец заради несоодветна тепература при транспорт или чување.

1000 вакцини од Синофарм кои биле со добар рок на траење биле уништени токму поради отстапки во температурата. Во МАЛМЕД велат дека вакцините кои стигаат се проверени во меѓународна акредитирана лабораторија и во ИЈЗ и се безбедни за граѓаните.

0 Коментари

Остави коментари