Дојран ја зголемува понудата, со европски пари врши реставрација на саат кулата и турскиот амам
Foto

Дојран ја зголемува понудата, со европски пари врши реставрација на саат кулата и турскиот амам

Во Дојран почнаа работите за реконструкцијаа старата Саат Кула и Турската бања но изградба на патеки од калдрма кои ќе водат до овие два значајни кутлурно историски споменика кои биле уништени за време на првата светска.

Во моментов се работи на уредување на постоечките патеки кои ке бидат поплочени со камен а во соработка со Заводот и музеј Струмица ќе се пристапи на подигање на саат кулата и реставрација и конзервација на старата турска бања. Првиот човек на Дојран Ангов очекува овие два објекти да ја збогатат туристичката понуда.

Саат кулата потекнува од 19 век. Кулата со камбанерија е срушенадо последниот венец. Треба да биде висока 18 метри со платформа за наблудување. Паралелно во сробтока со Музејот ќе се реставрира турската бања за д асе сочува нејзината автентичност. Локациите ќе бидат уредени и поврзани со патеки од калдрма во должина од 530 метри.

Подигањето на урнисаната саат кула во Дорјан и реставрацијата на турската бања се очекува да бидат готови до средината на идната година. Средствата се обезбедени од ЕУ од програмта за прекугранична соработка во висина од 250 илјади евра.

0 Коментари

Остави коментари