Дојран бара да се забрани престој за викендаши
Foto

Дојран бара да се забрани престој за викендаши

Заради превентива од ширење на коронавирусот, општина Дојран бара од Владата да донесе одлука со која ќе забрани престојот на домашни и странски граѓани кои по лични документи не се жители на ова општина. 

Ваква одлука донесе Советот на општината е по препорака на локалниот совет за превенција и општинскиот штаб за заштита и спасување со цел да се намали фрекфенцијата за во ова туристичко место оти во изминатиов период е зголемен бројот на викендаши.

Општина Дојран изминатиов период го затвори сите детски и рекреативни игралишта, спортски терени за да се ограничи движењето на граѓаните како превентива од ширењето на Ковид 19 меѓудругото има забрана и по сите рекреативни патеки во општината.

Предлогот до Владата да има забрана за престој на домашни и странски граѓани кои по лични документи не се жители на Дојран да важи за време на прогласената вонредна состојба во државата информираа од општина Дојран.

0 Коментари

Остави коментари