Договорот за Брегзит доживеа пораз, британските парламентарци гласаа против
Foto

Договорот за Брегзит доживеа пораз, британските парламентарци гласаа против

Британските парламентарци вечерва во долниот дом на Парламентот го отфрлија договорот за Брегзит, што премиерката Тереза Меј во ноември го постигна со официјален Брисел. 432-јца гласаа против, а 202 гласаа за. По ваков исход, британската премиерка Тереза Мај доживеа пораз на клучното парламентарно гласање за нејзиниот договор со кој Велика Британија треба да ја напушти Европската унија на 29 март. По отфрлањето на договорот за Брегзит, Меј рече дека доколку опозицијата побара, нејзината Влада е подготвена уште утре да се расправа за довербата на нејзиниот Кабинет. Таа рече дека две години работела напорно да го испорача референдумското барање на Британците за излез од ЕУ. Непосредно пред гласањето, Меј се обрати во Парламентот, истакнувајќи дека втор референдум не е добра опција.

„Втор референдум би донел неединство. Не би било одговор на тоа прашање, би немале време за имплементација, и ќе биде без заштитата на правата на граѓаните“, Како Премиерка посакувам вистински правец за земјата.“ - изјави Меј.

Британскиот опозициски лидер веднаш повика на гласање доверба на владата на Меј, истакнувајќи дека вечерашниот е најголем пораз за британската влада од 1920 година. Тој го повтори својот план да не се затвора дијалогот со ЕУ и да се направат обиди да се издејствува трговска унија со блокот и слобода на движење на луѓето. Парламентот уште утре ќе гласа за тоа дали Меј останува на чело на британската влада.

Истовремено, претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека исходот од гласањето во Парламентот на Британија зголемува ризик од Брегзит без договор....По неприфаќањето на договорот можни се повеќе сценарија – од распишување нови избори до нов референдум или дури излегување на Велика Британија од ЕУ без договор, што би можело да доведе до хаос, предизвикан од брзиот прекин на односите со Унијата.

0 Коментари

Остави коментари