Доделување на книжевната награда „Пегаз“
Foto

Доделување на книжевната награда „Пегаз“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата „Славко Јаневски“ вечер од 20 часот во Музеј на Град Скопје ќе ја доделат книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2019 година и ќе го промовираат победничкиот роман „Насон прочитана книга“ од авторката Соња Манџук.

Организаторите наведуваат дека „Пегаз“ е своевидно продолжение на веќе етаблираната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“.

На конкурсот за наградата пристигнале 77 ракописи, а победникот, кој беше соопштен во септември, го избра тричлено жири во состав: Димитар Башевски, Иван Шопов и Бисера Бендевска.

0 Коментари

Остави коментари