Доделени наградите Златен глобус
Foto

Доделени наградите Златен глобус

Во Лос Анџелес, утринава на свечена церемонија по 76 пат беа доделени наградите Златен глобус, кои втората најзначајна филмска награда по Оскарите, која се доделува и за телевизиски остварувања. Оваа филмска награда се доделува од страна на околу 95 странски дописници во Холивуд. До 1970, Глобусите се доделуваа за филмски остварувања, но од таа година во трка за наградите влегоа и најдобрите телевизиски остварувања. Домаќини на годинешната церемонија беа актерите Сандра Ох и Енди Самберг.

Годинава Глобусите со могу изненадувња. „Боемска рапсодија“ и „Зелената книга“ заедно триумфираа на доделувањето.

Во категоријата најдобар филм –драма наградата Златен глобус му припадна на филмот „Боемска рапсодија“. Рами Малек ја доби наградата Златен глобус за најдобра улога во драма за ликот на фронтменот на групата „Квин“, Фреди Меркјури. Во категорија најдобра актерка во драма наградата Златен глобус и припадна на ветерантката Глен Клоуз за улогата во филмот „Жена“. Во категоријата најдобар филм мјузикл/ комедија е прогласен филмот „Зелената книга“ на режисерот Питер Фарели. Во категоријата најдобар актер во комедија или мјузикл наградата за најдобар актер ја освои Кристијан Бејл за улогата во филмот „Вајс“ („Заменик“) каде го долови ликот на потпредседателот на САД, Дик Чејни кога председател беше Џорџ Буш, чиј лик го толкува Сем Роквел.

Во женска конкуренција, наградата Златен глобус за најдобра улога и припадна на британската актерката Оливија Колман за улогата во филмот „Омилената“. Наградата за најдобра споредна машка улога му припадна на актерот Махершала Али за улогата во филмот „Зелената книга“, а за најдобра споредна улога наградата отиде кај актерката Реџина Кинг за улогата во филмот „Ако Бил Стрит може да зборува“. Наградата за најдобра режија му припадна на мексиканецот Алфонсо Куарон за филмот „ Рим“ кој ја освои и наградата во категоријата најдобар странски филм.

Наградата за најдобро сценарио им припадна на сценаристите за филот „Зелената книга“ за најдобра музика е награден композиторот Џастин Хурвиц за музиката во филмот „Првиот човек “ а за најдобра оригинална песна е прогласена “композицијата „Плиток “ во изведба на Лејди Гага од филмот „Ѕвездата е родена“. Во категоријата најдобар анимиран филм оваа година наградата ја освои филмот „Човекот пајак: Нов свет“. Наградата за животно дело именувана според режисерот Сесил Б. Де Мил му е доделена на оскаровецот Џеф Бриџис. Во категориите за телевизиски остварувања доделени се следните награди:

Најдобра тв серија – драма: „Американци“

Најдобра тв серија- комедија: „Методот Комински“

Најдобар актер во драмска серија: Ричард Маден за „Телохранител“

Најдобра актерка во драмска серија: Сандра Ох за „Убивањето на Ева“

Најдобра улога во комедија/ мјузукл за Мајкл Даглас за „Методот Комински“

Најдобра женска улога во комедија / мјузикл за Рејчел Броснахан за серијата „Прекрасната госпоѓа Маисел“

Најдобра мини серија: „Атентатот на Џани Версаче: Американска криминална приказна“

Наградите Златен глобус некои ги сметаат како предходница на оние кои влегуваат во трката по Оскари ачестопати се случува некој од добитниците на Златните глобуси да добие и Оскар .

0 Коментари

Остави коментари