Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, по повод Денот на ослободувањето на Скопје, традиционално им ја врачи наградата „13 Ноември” на фотографката Ерина Богоева за изработка и издавање на монографијата со фотографии „Скопје-архитектурата како фотографска скулптура (1963-1990)”, на музичкиот педагог, истражувач и публицист Александар Трајковски за значаен придонес во областа на културата,уметноста и литературата со објавувањето на книгата „Музиката во македонскиот игран филм од Фросина до Лазар”.
Награда доби и Карате клубот Работнички – Скопје за 50 години постоење и постигнати врвни спортски резултати на домашен и меѓународен план, на Алили Бесир за освоено прво место на Европско првенство во борење за кадети, на учениците Ана Марија Атанасова за постигнати резултати во воннаставни активности и Стефан Стојковиќ за успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности и посебен придонес за афирмација на градот Скопје во светот.
Христина Спасевска доби награда за остварувања во науката, техниката и стопанството од областа Обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, Жикица Ѓорѓиевски за континуирана поддршка на лицата од социјален ризик, Дита Старова Ќереми за посебен придонес во културата и севкупниот развој и афирмација на Град Скопје, Фросина Зафировска за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот и на Бисера Чадловска за континуирано успешно творештво во областа на музичката уметност.
0 Коментари