Доделени европските филмски награди
Foto

Доделени европските филмски награди

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов – вечерва во Берлин се натпреваруваше за престижната наградa, позната како европски Оскар, на Европската филмска академија (ЕФА) во категоријата филмот за најдобар документарец. Во оваа категорија, наградата отиде кај филмот „За Сама“.

„Медена земја“, за конкуренти ги имаше “Сведоците на Путин“ „За Сама“ , „Исчезнувањето на мојата мајка“ и „Селфи“ . „Медена земја“ и приказната за Атиџе, последната жена одгледувач на диви пчели во Европа, е вбороена и меѓу најдобрите филмови на годината од „Њујорк тајмс“ како и од списанието „Арт форум“, и e македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар странски филм за 2020 на Американската филмска академија.

Номинациите за 92. доделување на Оскарите ќе бидат објавени на 13 јануари, а свеченоста е на 9 февруари.

На филмските награди годинава, апсолутен триумф на филмот „Миленичка“, кој освои седум награди, за комедија, шминка, костимографија, монтажа, кинематографија, сцвенарио, главна женска улога, режија и најдобар филм. Филмот на годинешните Оскари се закити со еден Оскар, Оливија Колман за главна женска улога. Филмот беше номиниран во десет категории.

За најдобар европски глумец е прогласен Антонио Бандерас за улогата во шпанскиот филм на Педро Алмодовар „Болка и слава“ (Pain and Glory/Dolor y Gloria), кој освои награда и за најдобра сценографија.

Меѓу останатите филмови, францускиот „Натажени“ (Les Miserables) е награден како Европско откритие на годината. Британскиот филм „За Сама“ (For Sama) е прогласен за најдобар европски документарец, шпанскиот филм „Bunuel in the labyrinth of the turtle“ за најдобар европски анимиран филм, додека романскиот „Божиќен подарок“ (The Chritsmas Gift/Cadoul de craciun) е прогласен за европски краток филм на годината.

Полскиот филм „Студена војна“ (Cold War/Zimna wojna) го доби мнозинството гласови од публиката и наградата „People`s Choice Awards“, а германскиот режисер Вернер Херцог доби награда за животно дело.

Церемонијата за доделување награди се одржа синоќа во познатата берлинска сала „Haus der Berliner Festspiele“. Во Берлин, каде што се наоѓа седиштето на Европската филмска академија која ги доделува овие награди, церемонијата на доделување се одржува секоја втора, непарна година од 1997 година, додека во парните години наградите се доделуваат секој пат во некој друг европски град.

Наградите на ЕФА вкупно се доделуваат во 24 категории, за што одлучуваат 3.600 членови на Европската филмска академија.

0 Коментари

Остави коментари